Prsten-krofni

Прстен Крофни

Ете, не мора да сте на плажа за да јадете крофни!

Потребно е:

•3 јајца
•6 лажици шеќер
•600 г брашно
•200 мл газирана вода
•100 мл млако млеко
•100 мл млака вода
•50 г путер
•1 свеж квасец
•1 лимон
•масло за јадење

Подготовка:

  1. Квасецот го рониме, го ставаме во длабок сад и го преливаме со водата. Додаваме по 1 лажица шеќер и брашно, и мешаме додека квасецот не се растопи. Оставаме да стасува 5 минути, и ги додаваме млекото, преостанатиот шеќер, јајцата и путерот.
  2. На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од лимон. Ги додаваме газираната вода и преостанатото брашно, и со рака замесуваме помеко тесто. Оставаме да стасува 30 минути на топло место.
  3. На работна маса намрсена со масло го ставаме стасаното тесто и го расплескуваме со раце. Потоа со сукалка развлекуваме подебела кора. Со тркалезен калап вадиме кругови. Со мал калап во средината на секој круг правиме длабнатина, формирајќи прстени.
  4. Ги пржиме крофните на поголема количина загреано масло во тенџере на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме од тенџерето и ги ставаме на чинија обложена со хартија.
  5. На чинија за сервирање скалесто редиме три Прстен крофни и декорираме со карамел прелив.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: