- Месото го сечкаме на коцки и го пржиме на загреано масло во тенџере на оган.
- Главиците кромид покрупно ги сечкаме и ги додаваме во тенџерето со полу испрженото месо. Откако и кромидот ќе се запржи доматот го сечкаме на коцки, сувите пиперки на парчиња, а шампињоните на половинки и ги додаваме во тенџерето. Магдоносот покрупно го сечкаме, па и него го додаваме во тенџерето. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
- Ги додаваме сенфот, белото вино, околу 200 мл вода и мешаниот зачин К+. Промешуваме и го тргаме тенџерето од оган.
- Содржината од тенџерето ја ставаме во керамичка тава за печење. Врз неа ги редиме парчињата кашкавал и ја покриваме тавата со алуминиумска фолија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 90 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање ставаме од Селското тавче и декорираме со гранчиња француски магдонос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит