soleni-princez-krofni

Солени Принцес Крофни

Ја подготвивте смесата и во моментот се сетивте дека имате благо во фрижидер. Нема никаков проблем, само изматете хопла, измешајте ја со пармезан и Солените принцес крофни се тука. Само немојте сите да ги наросите со чили, не јадат сите луто.

Потребно е:

3 јајца
100 г брашно
¼ кесичка прашок за печиво
250 мл хопла
50 г рендан пармезан
½ кафена лажица чили во прав
¼ кафена лажица каенски бибер
масло за јадење
Хималајска сол

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставаме 100 мл вода и 100 мл масло, и посолуваме. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашното и промешуваме. Потоа и брашното го додаваме во тенџерето. Непрекинато мешаме со дрвена лажица додека тестото не почне да се одделува од тенџерето. Го тргаме тенџерето од оган и оставаме тестото да се подизлади.
  2. Непрекинато матејќи со миксер едно по едно ги додаваме јајцата. Откако тестото ќе се соедини го ставаме во готварска кеса. Во тава за печење, обложена со хартија со шприцот од тестото ги формираме принцес крофните. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени, без да ја отвораме рерната. Тавата со испечените принцес крофни ја вадиме од рерна.
  3. Во сад за матење со миксер ја матиме хоплата додека не ја добие потребната цврстина. Посолуваме, и ги додаваме каенскиот бибер, половина од чилито и ренданиот пармезан. Го промешуваме филот со лажица и го ставаме во готварска кеса.
  4. Изладените принцес крофни ги сечеме на половина. На долните делови од принцес крофните со кесата нанесуваме фил и прекриваме со горните делови. Со цедалка ги наросуваме крофните со преостанатото чили.
  5. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови спанаќ и редиме неколку Солени принцес крофни.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *