- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на растопениот путер во тенџере на оган. Шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Потоа го додаваме брашното и мешаме со лажица додека не се испржи.
- Во длабок сад кршиме 3 јајца и ги матиме со виљушка. Го додаваме млекото и промешуваме. Мешавината од јајца и млеко ја додаваме во тенџерето на оган. Откако смесата ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
- Магдоносот многу ситно го сечкаме, го додаваме во тенџерето и оставаме смесата да се излади. Со раце ги формираме крокетите и ги редиме на чинија.
- Во длабока чинија го кршиме преостанатото јајце и го матиме со виљушката. Ги свалкуваме крокетите во изматено јајце и во лебни трошки. Потоа ги пржиме на поголема количина загреано масло во тава на оган.
- Откако ќе поруменат од сите страни ги вадиме крокетите од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартиени салфетки. Чинијата за сервирање ја украсуваме со два листа марула и скалесто ги сервираме крокетите. Со алатка сечеме многу тенки парчиња кашкавал и ги декорираме Шпанските крокети.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.