раванија

Раванија

Класичен, традиционален, превкусен десерт!

Потребно е:

• 8 јајца
• 8 лажици шеќер
• 8 лажици гриз
• 4 лажици брашно

ЗА ШЕРБЕТ
• 650 г шеќер
• 1 литар вода

Подготовка:

За утрешното мени како десерт Ви предлагаме да направите Раванија:

  1. Во длабок сад ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Ги додаваме брашното и гризот, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во со масло намресена и набрашента тркалезна тава бр 30. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Изладениот колач го сечеме на ромбови.
  2. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот и водата. Го вариме шербетот 10-тина минути и го тргаме тенџерето од оган.
  3. Со топлиот шербет го преливаме колачот, и оставаме да го впие и да се излади. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Раванија. Декорираме со кришки лимон и гранчиња свежа мента.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

3 Responses

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: