домашни лазањи

Домашни Лазањи

Лазањи тешко некој дека не сака, но кога ќе ги направите само, тие се 100 пати поубави!

Потребно е:

• 1 кг мелено месо
• 120 г кромид
• 100 г зелена пиперка
• 200 г моркови
• 4 јајца
• 200 г домати
• 300 мл доматен сос
• 1 литар млеко
• 400 г + 4 лажици брашно
• 125 г путер
• 40 г рендан пармезан
• 2 лаж. мешан зачин К+
• масло за јадење
• Наша сол и црн пипер

Подготовка:

За утрешното мени како предјадење ви предлагаме да направите Домашни Лазањи:

  1. Во длабок сад ставаме 400 г брашно. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Посолуваме, со рака замесуваме тврдо тесто и оставаме да отстои 2 часа.
  2. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Морковите и пиперката ги сечкаме на ситни коцки, и ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид. Откако зеленчукот ќе се запржи го додаваме меленото месо и го ситниме со лажица. Доматите ги сечкаме на ситни коцки и ги додаваме во тенџерето со запрженото месо. Откако и доматите ќе се запржат додаваме 1 лажица мешан зачин К+, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме доматниот сос, динстаме 10-тина минути и го тргаме тенџерето од оган.
  3. Во друго тенџере на оган го топиме путерот. На растопениот путер ги пржиме преостанатите 4 лажици брашно и мешаме со жица. Ги додаваме млекото и преостанатиот мешан зачин. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако бешамел сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  4. На набрашнета работна маса го размесуваме тестото, го сечеме на 8 еднакви делови и формираме топки. Од секоја топка тесто со сукалка развлекуваме тенка долгнавеста кора. Правата кора ја ставаме во правоаголна тава бр 38 намрсена со масло. Врз неа прво нанесуваме од филот од мелено месо, а потоа од бешамел сосот. Истата постапка ја повторуваме додека не ги потрошиме сите состојки. Редењето го завршуваме со фил и бешамел сос, и го наросуваме ренданиот пармезан. Тавата ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени.
  5. Ја вадиме тавата од рерна и ги сечеме лазањите на коцки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Домашни лазањи и декорираме со кечап.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *