- Доматите ги лупиме и ги сечкаме на коцки. Ги пржиме на загреано масло во тава на оган и ги ставаме на чинија.
- Лутите и нелутите пиперки ги сечкаме на парчиња и ги пржиме на загреано масло во тавата на оган. И испржените пиперки ги ставаме на чинијата.
- Во дрвен сад за толчење ги ставаме чешнињата лук и посолуваме. Ги додаваме оревите и 2 лажици масло, и толчиме со толчникот. Потоа ги додаваме испржените пиперки и домати, и посолуваме.
- Модриот патлиџан го сечкаме на парчиња, го додаваме во садот и толчиме со толчникот. Истолчените состојки ги враќаме во тавата на оган и го пржиме пинџурот додека не испари течноста.
- На средината на чинија за сервирање ставаме една кришка леб и врз неа сервираме од Велешкиот пинџур. Декорираме со парчиња ореви и две црни маслинки без семки, и попрскуваме со маслиново масло.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.