- Квасецот го рониме со рака и го додаваме во садот со млакото млеко. Ги додаваме шеќерот и 1 лажица масло. Кршиме 1 јајце, го додаваме во садот и мешаме со лажица. Во садот со брашното го додаваме маргаринот, исечкан на парчиња и посолуваме. Ги мешаме маргаринот и брашното со раце. Потоа го додаваме млекото со квасецот и јајцето, и мешаме со лажицата додека состојките не се соединат во тесто.
- Продолжуваме да го месиме тестото на набрашнета работна маса додека не стане мазно. Од тестото формираме топка и ја враќаме во садот. Оставаме тестото да стаса 30-тина минути на топло место.
- Гауда сирењето го сечкаме на тенки парчиња. Преостанатото јајце го кршиме во длабока чинија, посолуваме и матиме со виљушка.
- На набрашнета работна маса го размесуваме стасаното тесто. Со сукалка развлекуваме кора и ја сечеме на половина. Со лажица ги премачкуваме корите со кечап и ги наросуваме со оригано. На едниот крај на корите редиме парчиња Гауда. Врз нив скалесто редиме ленти чаден свински врат.
- Со готварска четка ги премачкуваме краевите на корите со изматено јајце и виткаме ролати. Ги сечеме ролатите на парчиња и ги редиме во тава за печење, обложена со хартија. Со четката пица сендвичите ги прамачкуваме со преостанатото изматено јајце. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање редиме неколку Пица сендвичи од рерна и нанесуваме кисела павлака. Декорираме со цели маслинки и гранче магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.