- Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во длабок сад ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво, какаото и мелените бадеми, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава од рерна, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 500 мл млеко. Густинот, прашокот за пудинг и шеќерот ги додаваме во сад со 200 мл млеко, и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата ја додаваме размешаната смеса во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади.
- Во друго тенџере на оган ги ставаме преостанатите 50 мл млеко да се загреат. Белата чоколада ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Го додаваме инстант капучиното и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и оставаме смесата да се излади. Потоа ја додаваме во тенџерето со изладениот крем и матиме со миксер додека смесата не се соедини.
- Во сад за матење со миксерот го матиме путерот додека не стане пенест. Ја додаваме смесата од тенџерето и повторно матиме со миксерот додека филот не се соедини.
- Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата. Го сечеме пандишпанот на 3 еднакви ленти по должина. Првата лента пандишпан ја ставаме на послужавник. Ја попрскуваме со рум и ја премачкуваме со фил. Врз филот ја ставаме втората лента пандишпан, ја попрскуваме со рум и ја филуваме. Прекриваме со третата лента пандишпан и ја попрскуваме со рум. Потоа целата торта ја премачкуваме со преостанатиот фил.
- Изладената торта ја сечеме на парчиња. На чинија за сервирање ставаме две Капучино шнити. Декорираме со една црвена шеќерна роза и 4 зелени шеќерни листови.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит