Egipetska-torta-(1)

Египетска Торта

Ако очекувавте форма на пирамида за жал ја нема, но за љубителите на кремасти торти е баш погодена. Со три пандишпани од белки и мелени ореви, крем од жолчки, грилијаж од ореви и многу шлаг крем од лимон, просто мами што побрзо да ја вкусите.

Потребно е:

– 18 јајца

ЗА ПАНДИШПАНИ
– 18 лажици шеќер
– 3 лажици брашно
– 300 г мелени ореви

ЗА ФИЛУВАЊЕ
– 500 мл млеко
– 200 г шеќер
– 4 лажици брашно
– 250 г путер
– 150 г шеќер во прав
– 250 г шеќер
– 300 г сечкани ореви
– 5 кесички прашок за шлаг крем од лимон
– 500 мл млеко

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме брашното и мелените ореви, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во два тркалезни калапа и една тркалезна тава бр 24, обложени со хартија. Ги ставаме калапите и тавата во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна.
  2. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 250 мл млеко, и ги додаваме жолчките и 200 г шеќер. Преостанатото млеко го додаваме во садот со брашното и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата го додаваме размешаното брашно во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади.
  3. Во сад за матење ги ставаме путерот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
  4. Во тенџере на оган ги пржиме преостанатите 250 г шеќер додека не се карамелизира. Го тргаме тенџерето од оган, во карамелот ги додаваме сечканите ореви и промешуваме со лажица. Содржината од тенџерето ја ставаме во тава.
  5. Изладениот грилијаж го толчиме со чук. Потоа го мелеме во машина за мелење ореви и го собираме во длабок сад. Во друг длабок сад ги ставаме прашокот за шлаг крем и млекото. Матиме со миксер додека шлаг кремот не ја добие потребната цврстина.
  6. Изладените пандишпани ги вадиме од калапите и тавата, и им ги отстрануваме хартиите. На чинија за торта го ставаме првиот пандишпан и го премачкуваме со фил. Врз филот наросуваме од мелениот грилијаж, а врз него нанесуваме шлаг крем. Истата постапка ја повторуваме со вториот и третиот пандишпан.
  7. Потоа целата торта ја премачкуваме шлаг крем и ја наросуваме со мелен грилијаж. Преостанатиот шлаг крем го ставаме во слаткарска кеса и го украсуваме крајот на горната површина на тортата. Декорираме со украси од марципан.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: