Pile-na-rimski-nacin-(4)

Пиле на Римски Начин

Да видите умни ова римјаниве – пилето во тава, до него парчиња компири, моркови, домат, зачински билки и лимонов сок, па тавата во рерна и готова работа. Е, не, ќе му ја мислат и ќе стојат со часови до шпоретот. Наместо тоа ќе завршат некоја друга работа или ќе се прошетаат низ вечниот град.

Потребно е:

– 1 пиле
– 400 г лупени компири
– 150 г моркови
– 120 г домат
– 100 г кромид
– 100 мл бело вино
– 1 лимон
– 2 свежи гранчиња целер
– 10-тина листови свежо нане
– магдонос
– 2 ловорови листови
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилето го посолуваме од внатрешната и од надворешната страна. Го ставаме во керамичка тава за печење и го попрскуваме со масло.
  2. Компирите ги сечкаме на коцки, а морковите на поситни парчиња и ги додаваме во тавата. Доматот го лупиме, го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата. Главицата кромид ја сечкаме на кругови, ја делиме на прстени, па и нив ги додаваме во тавата. Потоа ситно ги сечкаме нането, магдоносот и гранчињата целер, и ги наросуваме во тавата. Потоа ги додаваме ловоровите листови и виното. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  3. Лимонот го цедиме во цедалка и со лимоновиот сок ја преливаме содржината во тавата. Ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 60 минути на 220 степени и ја вадиме тавата од рерна.
  4. На чинија за сервирање го ставаме пилето и го додаваме испечениот зеленчук од тавата. Декорираме со еден лист магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: