Teleski-kotleti-na-gradinarski-nacin-(2)

Телешки Котлет на Градинарски Начин

Најубавото месо ем пржено, ем печено со резанки кромид. Палета од бои на чинијата од морковите, карфиолот, боранијата и грашокот. Ако уште имате своја градина гајлето е мало, но и да ја немате пазари и маркети има колку ти душа сака.

Потребно е:

– 1 кг телешки котлет
– 1 кг карфиол
– 350 г моркови
– 250 г конзервирана боранија
– 250 г конзервиран грашок
– 100 г кромид
– 1 говедска коцка за супа
– 1 лажица мешан зачин К+
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа.
  2. Месото го сечеме на парчиња. Котлетите ги посолуваме, ги наросуваме со мелен црн пипер и ги ставаме на загреано масло во грил тава на оган. Откако ќе се запржат од двете страни ги вадиме од грил тавата и ги ставаме котлетите во тава за печење, намрсена со масло.
  3. Главицата кромид ја сечкаме на резанки и ја пржиме на преостанатата мрснотија во грил тавата на оган. Откако кромидот ќе омекне ја додаваме супата од коцка. Потоа и содржината од грил тавата ја ставаме во тавата за печење. Ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 90 минути на 180 степени и ја вадиме тавата од рерна.
  4. Морковите ги сечкаме на коси кругови, а главицата карфиол ја делиме на цветови. Во тенџере со зовриена вода на оган ги вариме морковите и ги цедиме во цедалка. Во друго тенџере со зовриена вода на оган ги обаруваме цветовите карфиол и ги цедиме во цедалката.
  5. Во тенџере на оган со загреано масло ги пржиме боранијата и грашокот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме мешаниот зачин К+ и откако зеленчукот ќе омекне го тргаме тенџерето од оган.
  6. На чинија за сервирање скалесто ги редиме котлетите. Ги додаваме парчињата варени моркови, испржената боранија и грашокот, и обарените цветови карфиол. Декорираме со еден цвет виолетов карфиол и две гранчиња копар.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: