- Во зовриена вода во тенџере на оган додаваме 1 лажица мешан зачин К+. Пилешките гради ги вариме во водата, ги сечкаме на парчиња и ги миксаме во блендер.
- На копаните им ги отстрануваме коските, а месото го засекуваме на повеќе места за да добиеме рамни површини. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и премачкуваме со 1 лажица сенф. Ги свиткуваме копаните на половина и ги оставаме на чинија да ги впијат зачините.
- Шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги миксаме во блендер. Чешнето лук ситно го сечкаме и кратко го запржуваме на загреано масло во тенџере на оган. Ги додаваме измиксаните шампињони. Посолуваме, и ги додаваме преостанатиот мешан зачин и ориганото. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето. Потоа ги додаваме измиксаните пилешки гради и преостанатиот сенф. Промешуваме и го тргаме тенџерето од оган.
- Јајцето го кршиме, белката ја оставаме во сад на страна, а жолчката ја додаваме во тенџерето. Ги додаваме лебните трошки и го промешуваме филот. На првиот зачинет пилешки копан нанесуваме од филот. Го преклопуваме на половина и го зацврстуваме со чепкалки. На истиот начин ги полниме и преостанатите копани и ги пржиме на загреано масло во тава на оган.
- Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме копаните од тавата и ги ставаме во керамичка тава. Го додаваме белото вино и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Ги вадиме копаните од тавата, им ги отстрануваме чепкалките и ги сечеме на половина. На едниот крај на чинија за сервирање ставаме парчињата претходно сварени компири и боранија, и скалесто ги сервираме половинките Полнети копани.
- Декорираме со два круга црвена пиперка, два круга лимон и две гранчиња француски магдонос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.