- Почнуваме со подготовка на подлогите. Во сад за матење го кршиме јајцето. Го додаваме маргаринот и матиме со миксер. Потоа ги додаваме мелените ореви и бисквити, и матиме додека смесата не се соедини. Портокалот го цедиме во цедалка и го додаваме сокот во садот за матење. Продолжуваме да ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
- Ја нанесуваме на парче најлонска фолија, намрсена со масло. Со раце ја расплескуваме смесата со дебелина од околу 1 см. Потоа со калап вадиме тркалезни форми. Ги редиме подлогите на намрсената фолија.
- Почнуваме со подготовка на филот. Во длабок сад ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав. Кршиме едно јајце и го додаваме во садот. Второто јајце го кршиме, белката ја оставаме во сад на страна, а жолчката ја додаваме во длабокиот сад. Матиме со миксер додека смесата не стане пенеста.
- Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и оставаме чоколадата да се излади. Ја додаваме во садот со подготвената смеса и матиме со миксер додека филот не се соедини. Го ставаме во слаткарска кеса и ги филуваме претходно подготвените подлоги.
- На чинија за сервирање редиме неколку Цуцки, и ги декорираме со по еден лист мента и по една зашеќерена цреша.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.