- Во тенџере на оган го топиме жолтиот шеќер со 1 лажица вода. Јаболката ги лупиме, ги сечкаме на ситни коцки и ги додаваме во тенџерето. Откако ќе омекнат го тргаме тенџерето од оган.
- Во друго тенџере на оган ги ставаме млекото и ванилиниот шеќер. Откако млекото ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган.
- Кришките леб ги сечкаме на коцки. Половина од коцките леб ставаме во тркалезна тава бр 22 намрсена со путер. Врз нив ги нанесуваме коцките омекнати јаболка и прекриваме со преостанатите коцки леб. Доколку не е доволно додадете уште леб исечкан на коцки за да ги прекриете јаболката.
- Во сад за матење ги кршиме јајцата и матиме со миксер. Постепено го додаваме топлото млеко и откако смесата ќе се соедини го исклучуваме миксерот. Го додаваме циметот, рендаме морско оревче и промешуваме.
- Со смесата ја преливаме содржината во тавата за печење. Ја ставаме тавата во поголема тркалезна тава до половина наполнета со топла вода. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме на пареа 40 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- Ја вадиме тавата со изладениот згуснат пудинг од тавата со вода и го сечеме пудингот на триаголни парчиња. На чинија за сервирање ставаме едно парче Шпански пудинг од јаболка. Од парчиња јаболко и 2 каранфилчиња формираме рак и го декорираме пудингот.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.