Svinsko-so-pecurki-vo-zemjena-tava-za-web

Свинско со Печурки во Земјена Тава

И уште со домат, пиперки и павлака. Супер!

Потребно е:

• 500 г свинско филе
• 400 г кромид
• 400 г свежи шампињони
• 100 г домат
• 100 г зелена пиперка
• 80 мл кисела павлака
• 80 г брашно
• 40 г путер
• 50 мл бело вино
• магдонос
• 1 говедска коцка за супа
• 1 лажица сенф
• 1 лажица мешан зачин К+
• масло за јадење
• сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со 500 мл зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа.
  2. Свинското филе го сечкаме на коцки, го пржиме на загреано масло во друго тенџере на оган и посолуваме. Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги додаваме во тенџерето со испрженото месо. Откако кромидот ќе омекне додаваме половина од путерот. Шампињоните ги сечеме на половина и ги додаваме во тенџерето. Пиперката и доматот ги сечкаме на коцки, и ги додаваме во тенџерето со запржените шампињони. Откако ќе се запржат ги додаваме виното, мешаниот зачин и сенфот, и наросуваме мелен црн пипер. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето. Ја додаваме киселата павлака и го тргаме тенџерето од оган.
  3. На преостанатиот путер во тава на оган го пржиме брашното и ја додаваме супата од коцка. Размешаната запршка ја додаваме во тенџерето.
  4. Потоа содржината од тенџерето ја ставаме во земјена тава. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  5. На чинија за сервирање ставаме од Свинското со печурки во земјена тава и декорираме со ситно сечкан француски магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: