- Пиперките ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња и ги ставаме во длабок сад. Киселите краставички ги сечкаме на кругови и нив ги додаваме во садот. Цвеклото го сечкаме на парчиња и него исто така го додаваме во садот. На крупната страна од рендето ги рендаме морковите.
- Во друг длабок сад го дадаве сенфот, мешаниот зачин и оцет и мешаме. Додаваме 100 мл масло за јадење. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер и мешаме со лажица додека преливот не се соедини.
- Чешнињата лук ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот со зеленчукот. Потоа го додаваме и гравот. Додаваме ситно сечкан магдонос. Варените јајца ги сечеме на полукругови и ги додаваме и нив во садот. На крај го додаваме преливот и ја промешуваме салатата.
- На чинија за сервирање ставаме од салатата со грав. Декорираме со гранче копар и црни маслинки.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.