Triagolnici-so-zele-(4)

Триаголници со Желе

Лапни, голтни. Помини, земи си.

Потребно е:

ЗА КАФЕНА СМЕСА
– 200 г шеќер
– 6 лажици вода
– 100 г чоколада за готвење
– 120 г толчени ореви
ЗА ЖОЛТА СМЕСА
– 100 г шеќер
– 100 г путер
– 100 г сечкани бадеми
– 100 г желе бонбони
– 50 мл вода

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на кафената смеса. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот и водата. Откако шербетот ќе зоврие на парчиња ја кршиме чоколадата и ја додаваме во тенџерето. Мешаме со лажица и откако и чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Оставаме содржината да се излади. Ги додаваме толчените ореви и ја промешуваме смесата.
  2. Почнуваме со подготовка на жолтата смеса. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот и водата. Откако шербетот ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Ги додаваме сечканите бадеми и промешуваме со лажица. Оставаме смесата да се излади.
  3. Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Ја додаваме изладената смеса од тенџерето. Желе бонбоните ги сечкаме на парчиња, ги додаваме во садот и промешуваме. По страничните делови на триаголен калап, обложен со алуминиумска фолија, нанесуваме од кафената смеса. Празнината на калапот ја пополнуваме со жолтата смеса. Прекриваме со преостанатата кафена смеса.
  4. Го покриваме колачот со краевите на фолијата и го ставаме калапот во фрижидер. Откако колачот ќе се излади го вадиме калапот од фрижидер и ја отвораме фолијата. Го превртуваме стегнатиот колач на послужавник и го сечеме на парчиња.
  5. На чинија за сервирање во три колони скалесто редиме од Триаголниците со желе. Помеѓу колоните редиме исправени триаголници. Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.

 

Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: