Chicken-Kebabs-with-Sesame-(pileski-raznici-so-susam)

Пилешки Раженчиња со Сусам

Идеја за на скара.

Потребно е:

– 600 г пилешки гради
– 200 г праз
– 200 г моркови
– 150 г боранија
– 50 г сусам
– 1 лимон
– 1 чешне лук
– 2 лажици соја сос
– 1 кафена лажица сув тимијан
– 1 кафена лажица сув мајоран
– 1 кафена лажица сув рузмарин
– маслиново масло
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во длабок сад ги ставаме соја сосот, тимијанот, мајоранот и рузмаринот. Чешнето лук ситно го сечкаме и го додаваме во садот. Додаваме маслиново масло, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Лимонот го цедиме во цедалка, го додаваме лимоновиот сок во садот и ја промешуваме маринадата. Пилешките гради ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во садот. Оставаме да отстојат во маринадата 2 часа и ги вадиме од садот.
  2. Ги редиме на 4 метални игли за раженчиња и ги ставаме на загреана скара, попрскана со масло за јадење. Ги превртуваме раженчињата за време на печењето. Откако ќе се испечат од двете страни ги вадиме од скарата и ги ставаме на чинија.
  3. Во тенџере со посолена зовриена вода на оган ја обаруваме боранијата, ја цедиме во цедалка и ја сечкаме на парчиња. Во тава на оган го запечуваме сусамот. Откако ќе порумени ја тргаме тавата од оган.
  4. Празот и морковите ги сечкаме на коси кругови. Ги пржиме на загреано масло за јадење во вок тава на оган. Во тавата со омекнатиот праз и морковите ги додаваме исцедената боранија и запечениот сусам. Посолуваме, промешуваме и откако и боранијата ќе се запржи ја тргаме тавата од оган.
  5. На чинија за сервирање го ставаме испржениот зеленчук и врз него ги редиме пилешките раженчиња.

 

Декорираме со гранчиња копар и декоративно засечена половинка лимон Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: