- Во тенџере со 500 мл зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Јагнешкото месо го наросуваме со една лажица мешан зачин К+. Чешнињата лук ги сечеме на половина го должина. Со парчињата лук го триеме месото, за да го впие вкусот на лукот. Потоа го посолуваме месото од сите страни, го наросуваме со мелен црн пипер и го ставаме во огноотпорен сад. Го попрскуваме со масло и го преливаме со супата од коцка. Садот го ставаме во рерна. Печеме 70-тина минути на 220 степени и го вадиме од рерна.
- Белото вино го ставаме во тенџере на оган и откако ќе се загрее го тргаме од оган. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во друго тенџере на оган. Откако кромидот ќе омекне во тенџерето ги додаваме оризот, сувото грозје и преостанатиот мешан зачин. Бадемите ситно ги сечкаме и ги додаваме во тенџерето. Потоа ги додаваме загреаното вино и околу 700 мл врела вода. Откако течноста ќе испари и оризот ќе се свари го тргаме тенџерето од оган.
- Во тенџере на оган го ставаме путерот да се растопи. На загреаниот путер ги ставаме листовите спанаќ да се динстаат. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако течноста ќе испари го тргаме тенџерето со издинстаниот спанаќ од оган.
- Испеченото јагнешко го вадиме од садот и го сечеме на парчиња. На чинија за сервирање го ставаме сварениот ориз и на двата краја на чинијата додаваме издинстан спанаќ. На оризот скалесто ги сервираме парчињата јагнешко и преливаме со течноста од огноотпорниот сад. Декорираме со гранчиња магдонос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.