- Јаболката ги лупиме и на крупната страна од рендето ги рендаме во длабок сад. Ги додаваме шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот и сечканите ореви, и го промешуваме филот со лажица.
- Во тенџере на оган го топиме маргаринот и го тргаме тенџерето од оган. Првата кора со лажица ја попрскуваме со растопен маргарин. Ја свиткуваме на половина и повторно ја попрскуваме со маргарин. Уште еднаш ја превиткуваме кората на половина, за да добиеме лента. На едниот крај на лентата нанесуваме 1 лажица од филот и го виткаме тригонот.
- Го ставаме во тава за печење, намрсена со растопен маргарин. На истиот начин ги подготвуваме сите тригони и ги редиме во тавата. Со лажицата врз тригоните го нанесуваме преостанатиот растопен маргарин. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање ставаме четири Тригони со јаболка и ореви. Со цедалка ги наросуваме со шеќер во прав и ги декорираме со кришки јаболко.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.