- Во длабок сад ги кршиме јајцата. Посолуваме со сол и матиме со жица за матење, налеваме млеко и додаваме палента. Потоа додаваме густин и мешаме со жица додека смесата не со соедини.
- Тркалезната тава бр. 26 ја попрскуваме со масло и со готварска четка ја намрсуваме внатрешноста. Ја нанесуваме подготвената смеса во тавата. На крупната страна на редете го рендаме кашкавалот во тавата. Шампињоните ги сечкаме на листови, круговите шунка ги сечеме на половина и ги редима на тавата заедно со шампињоните. Црните маслинки ги сечкаме на кругови и нив ги додаваме во тавата. Зелените маслинки цели ги редиме во тавата. Наросуваме мелен црн пипер и ја ставаме тава во рерна 20-ина минути на температура од 200 степени и ја вадиме тавата од рерна.
- Пицата је сечеме на триаголни парчиња. Две парчиња од пицата ставаме на чинија за сервирање и декорираме со кечап.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.