- Месото го сечкаме на коцки, го посолуваме и го наросуваме со мелен црн пипер. Ги пржиме парчињата месо на загреано масло во тава на оган. Откако месото ќе обели ситно ги сечкаме сувите пиперки и заедно со шампињоните ги додаваме во тавата.
- Зачинуваме со мелен црн пипер и мешан зачин К+. Промешуваме и ги ставаме запржените состојки во длабок сад.
- Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги пржиме на преостанатата мрснотија во тавата на оган. Посолуваме и наросуваме мешан зачин. Доматите ги сечкаме на коцки и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид.
- Откако ќе се запржат во тавата ги враќаме испрженото месо, шампињоните и сувите пиперки. Го додаваме белото вино и оставаме содржината да се динста 20-тина минути. Потоа ја ставаме во земјана тава, намрсена со масло. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 60 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Кашкавалот го сечкаме на тенки долгнавести парчиња и во форма на тараби ги редиме во тавата. Ја враќаме во рерна. Печеме уште 10 минути на истата температура и ја вадиме тавата од рерна. Трновското селско месо го декорираме со парчиња младо кромитче, гранче француски магдонос и тенки долгнавести парчиња црвена бабура.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит