Pita-so-visni-preliena-so-serbet

Пита со Вишни Прелиена со Шербет

Колку убави чуства доаѓаат кога ќе слушнеш „Пита со Вишни“? :)

Потребно е:

•500 г кори за баклава
•500 г одмрзнати вишни
•4 јајца
•200 г шеќер
•200 мл кисела павлака
•200 мл масло за јадење
•1 прашок за печиво
ЗА ШЕРБЕТ
•600 г шеќер
•500 мл вода
•1 лимон

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот и водата. Половина лимон цедиме во цедалка и го додаваме сокот во тенџерето. Го вариме шербетот 10-тина минути и оставаме да се излади.
  2. Во сад за матење ги кршиме јајцата и матиме со миксер. Постепено го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Ги додаваме киселата павлака, маслото и прашокот за печиво, и матиме додека смесата не се соедини.
  3. На работна маса ставаме една кора и ја премачкуваме со подготвената смеса. Една врз друга редиме уште две кори премачкани со смесата. На едниот крај од корите нанесуваме вишни. Ги свиткуваме краевите на корите кон внатрешноста и виткаме ролат. Го ставаме во правоаголна тава бр 40.
  4. На истиот начин подготвуваме уште 4 ролати и ги редиме во тавата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  5. Ја сечеме топлата пита на парчиња и ја преливаме со изладениот шербет. Оставаме да се излади и да го впие шербетот. На чинија за сервирање ставаме две парчиња пита со вишни. Преливаме со преостанатиот шербет од тавата и декорираме со полукругови лимон.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: