Pile-vo-zemjan-djuvec-(4)

Пиле во Земјана Тава

Одличен семеен ручек!

Потребно е:

– 1 пиле
– 150 г пилешки дроб и срца
– 150 г мелено месо
– 250 г лупени компири
– 200 г моркови
– 150 г кромид
– 70 г корен од целер
– 200 мл бело вино
– 2 кришки леб
– 3 чешниња лук
– 2 гранчиња рузмарин
– 2 лажици мешан зачин К+
– 1 кафена лажица сув мајоран
– морско оревче
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилешкиот дроб и срца ги сечкаме на парчиња, и ги ставаме во длабок сад. Кришките леб ги кинеме на парчиња и ги додаваме во садот. Ги додаваме меленото месо и мајоранот, и во садот рендаме морско оревче. Листовите рузмарин ги кинеме од гранчињата, па и нив ги додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и додаваме 1 лажица мешан зачин К+. Го месиме филот со рака.
  2. Пилето го посолуваме од внатрешната страна. Со лажица го полниме пилето со подготвениот фил и му ги врзуваме нозете со готварски конец. Главиците кромид, коренот од целер и компирите ги сечкаме на покрупни парчиња, и ги ставаме во земјана тава. Морковите ги сечкаме на кругови, а чешнињата лук на парчиња и ги додаваме во тавата. Посолуваме, и наросуваме со мелен црн пипер и со преостанатиот мешан зачин.
  3. На средината на тавата го ставаме наполнетото пиле и попрскуваме со масло. Ги додаваме белото вино и 200 мл вода. Тавата ја покриваме со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 70 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Ја отстрануваме фолијата и го наросуваме Пилето во земјана тава со ситно сечкан француски магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: