Torta-nad-tortite-(10)

Торта Над Тортите

Дали навистина е торта над тортите можете да знаете само ако ја пробате! А ние ќе Ви помогнеме колку можеме!

Потребно е:

– 14 јајца

ЗА ПАНДИШПАНИ
– 30 лажици шеќер
– 6 лажици брашно
– 15 лажици мелени ореви

ЗА ФИЛОВИ
– 1,4 литар млеко
– 250 г + 10 лажици шеќер во прав
– 9 лажици брашно
– 250 г маргарин
– 200 г чоколада за готвење
– 150 г мелени ореви
– 3 кесички прашок за шлаг крем од ванила

ЗА УКРАСУВАЊЕ
– 2 кесички прашок за шлаг
– 200 мл млеко

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Јајцата ги кршиме, белките ги ставаме во длабок сад, а по 7 жолчки ставаме во два сада на страна. Ги матиме белките со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме брашното и мелените ореви, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Ја распоредуваме во два тркалезни калапа и една тркалезна тава бр 24, сите обложени со хартија. Ги ставаме калапите и тавата во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филовите. Во тенџере на оган ставаме 600 мл млеко и додаваме 10 лажици шеќер во прав. Брашното и 7 жолчки ги додаваме во сад со 400 мл млеко и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата ја додаваме размешаната смеса во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади.
  4. Во сад за матење ги ставаме маргаринот, и преостанатите 250 г шеќер во прав и 7 жолчки. Матиме со миксер додека смесата не стане пенеста. Го додаваме изладениот крем, матиме додека смесата не се соедини и ја делиме во два сада.
  5. Во тенџере на оган ставаме 100 мл млеко да се загрее. Ги додаваме мелените ореви, мешаме со лажица и го тргаме тенџерето од оган. Оставаме содржината да се излади. Чоколадата ја кршиме на парчиња, ја топиме во друго тенџере на оган и оставаме да се излади. Во првиот сад ги додаваме попарените и изладени ореви со млеко, и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
  6. Изладената растопена чоколада ја додаваме во вториот сад и матиме со миксерот додека и овој фил не се соедини. Во длабок сад ги ставаме прашокот за шлаг крем од ванила и преостанатите 300 мл млеко. Матиме со миксер додека шлаг кремот не ја добие потребната цврстина.
  7. Изладените пандишпани ги вадиме од тавата и калапите, и им ги отстрануваме хартиите. На чинија за торта го ставаме првиот пандишпан и прво го премачкуваме со шлаг крем од ванила, а потоа со фил со мелени ореви. Врз филот го ставаме вториот пандишпан, го премачкуваме со шлаг крем и со фил со чоколада. Прекриваме со третиот пандишпан и го премачкуваме со преостанатиот шлаг крем.
  8. Страничниот дел на тортата го премачкуваме со преостанатиот фил со мелени ореви. Горната површина на тортата ја премачкуваме со преостанатиот фил со чоколада. Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг и млекото, и матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Го ставаме во слаткарска кеса, и со шлаг ги украсуваме страничниот дел и крајот на горната површина на тортата.
  9. Декорираме со црвени шеќерни рози и зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: