Kokos-ravanija-(4)

Кокос Раванија

За кокосот како да важи едно непишано и по малку чудно правило – оние кои го сакаат го сакаат многу, оние кои не го сакаат не го сакаат воопшто. Ако спаѓате во првата група овој лесен и вкусен десерт набрзина ќе го направите и одлично ќе се насладите.

Потребно е:

– 3 јајца
– 200 г кокосово брашно
– 12 лажици шеќер
– 12 лажици брашно
– 12 лажици млеко
– 12 лажици масло за јадење
– 1 лажица какао
– 1 прашок за печиво

ЗА ШЕРБЕТ
– 400 г шеќер
– 600 мл вода

Подготовка:

  1. Во сад за матење ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме со миксерот додека не се растопи. Потоа ги додаваме млекото, маслото, прашокот за печиво, брашното и кокосовото брашно.
  2. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Тркалезната тава бр 24 со готварска четка ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Во тавата нанесуваме 2/3 од подготвената смеса. Во преостанатата смеса во садот за матење го додаваме какаото и мешаме со лажица. И оваа смеса ја нанесуваме во тавата и благо промешуваме.
  3. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Оставаме раванијата да се излади.
  4. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Откако шербетот ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Со црпалка со топлиот шербет ја преливаме изладената раванија.
  5. Откако ќе го впие шербетот ја сечеме на парчиња. На чинија за сервирање ставаме четири парчиња Кокос раванија. Декорираме со тенки парчиња бела чоколада и зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: