- Во длабок сад ги ставаме двата вида брашно и содата бикарбона, и посолуваме. Ги додаваме јогуртот и маслото, и со рака замесуваме тесто.
- На набрашнета работна маса го размесуваме тестото и го сечеме на 6 еднакви делови. Формираме топки и ги редиме во тава за печење обложена со хартија. Со нож ги засекуваме топките на по три места и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање украсена со листови свежа мајчина душичка сервираме две Брзи лепчиња. Декорираме со две млади кромитчиња.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
One Response
hrana i vino