- Главицата кромид и чешнињата лук ситно ги сечкаме, и ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме оризот, меленото месо, црвениот пипер, кимот, циметот, сувото грозје и бадемите. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го промешуваме филот.
- На модрите патлиџани им ги отсекуваме рачките и ги сечеме на половина по должина. Ги длабиме и ги полниме со подготвениот фил. Ги ставаме во тава за печење попрскана со масло. Шери доматите ги сечеме на половина и ги редиме врз филот од мелено месо и ориз. Попрскуваме со масло за јадење, додаваме 250 мл вода и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со доматно пире. Врз него ставаме една половинка Модар патлиџан на либански начин. Декорираме со шери домати и гранчиња свеж рузмарин забодени во нив.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.