Pita-so-pecurki-od-gotovi-kori-(4)

Пита со Печурки од Готови Кори

Превкусна пита од која сите ќе бидат задоволни!

Потребно е:

– 800 г кори за пита
– 400 г сечкани, маринирани шампињони
– 800 г праз
– 250 мл газирана вода
– 1 лажица мешан зачин К+
– 1 прашок за печиво
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Празот го сечкаме на тенки полукругови и го пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+. Во тавата со испржениот праз ги додаваме шампињоните. Откако и тие ќе се запржат ја тргаме тавата со филот од оган.
  2. Во длабок сад ставаме 250 мл масло. Ги додаваме газираната вода и прашокот за печиво, и промешуваме. Во правоаголна тава бр 40 една врз друга редиме една третина од корите. Секоја кора ја попрскуваме со мешавината од масло, газирана вода и прашок за печиво. Врз корите нанесуваме половина од филот. Го прекриваме со втората третина од корите, сите попрскани со мешавината од масло и вода. Потоа во тавата ја нанесуваме втората половина од филот и ги редиме преостанатите попрскани кори.
  3. Ја сечеме питата на коцки и уште еднаш попрскуваме со преостанатата мешавина од масло, газирана вода и прашок за печиво. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 220 степени и ја вадиме од рерна.
  4. На чинија за сервирање редиме четири парчиња Пита со печурки од готови кори. На едниот крај од чинијата ставаме две лажици кисела павлака. Декорираме со цветови формирани од листови црвен и зелен босилек.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *