- Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме и додаваме масло. Во водата ги обаруваме лазањите. Ги вадиме од тенџерето и ги редиме на кујнска крпа, за да се засушат.
- Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Морковите ги сечкаме на тенки кругови, а шампињоните на листови и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Пилешките гради ги сечкаме на коцки, па и нив ги додаваме во тавата со запржениот зеленчук. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+. Доматот го сечкаме на коцки, и го додаваме во тавата. Откако ќе се запржи ја тргаме тавата со филот од оган.
- На крупната страна од рендето на чинија го рендаме кашкавалот. Дното на огноотпорен сад, намрсен со масло го прекриваме со лазањи. Врз нив прво нанесуваме од филот, а потоа и од ренданиот кашкавал. Истата постапка ја повторуваме додека не ги потрошиме состојките. Редењето го завршуваме со лазањи и ги наросуваме со преостанатиот рендан кашкавал. Во садот додаваме 100 мл вода и го ставаме во рерна. Печеме 45 минути на 210 степени и го вадиме садот од рерна.
- Ги сечеме подизладените лазањи на парчиња. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Лазањи со пилешко. Врз секое парче ставаме по една лажица кисела павлака и декорираме со гранчиња магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит