Top-kocki-(3)

Топ Коцки

Навистина се топ!

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН
– 4 јајца
– 3 лажици брашно
– 150 г мелени ореви
– 150 г путер
– 100 г шеќер во прав
– 2 лажици какао
– 1 прашок за печиво

ЗА ФИЛ
– 200 г џем од праски
– 150 г мелени ореви
– 150 г шеќер во прав
– 100 мл рум
– 2 кесички ванилин шеќер

ЗА ПРЕЛИВ
– 200 г чоколада за готвење
– 2 лажици масло за јадење

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер додека не ја добијат потребната цврстина. Во садот со жолчките ги додаваме путерот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека смесата не стане пенеста. Потоа ги додаваме брашното, мелените ореви, прашокот за печиво, какаото и изматените белки. Мешаме со лопатка додека смесата не се соедини.
  2. Правоаголната тава бр 32 ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Во тавата ја нанесуваме подготвената смеса за пандишпан и ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме тавата од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Во садот со мелените ореви ги додаваме шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и румот, и го мешаме филот со лажица додека не се соедини.
  4. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата. Го ставаме на послужавник и го премачкуваме со џемот од праски. Врз џемот го нанесуваме филот од мелени ореви и со рака го натапкуваме за да се залепи со џемот.
  5. Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го нанесуваме преливот на колачот и оставаме да се стегне. Потоа го сечеме колачот на коцки.
  6. На чинија за сервирање ставаме три Топ коцки. Со слаткарска кеса ги декорираме со претходно изматен шлаг.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: