Pilesko-vo-bel-sos-(9)

Пилешко во Бел Сос

Го сакате пилешкото, а пилешките гради се со најмалку мрснотија, значи најздрави. Е, овде не само што не треба да им одолеете на пржени пилешки гради, туку особено нема да можете да му одолеете на сосот, а тој е со еден збор – фантастичен.

Потребно е:

– 700 г пилешки гради
– 500 г сечкани маринирани шампињони
– 200 г кисели краставички
– 100 г кромид
– 3 чешниња лук
– 1 јајце
– 1 пилешка коцка за супа
– 180 мл кисела павлака
– 50 мл бело вино
– 3 лажици брашно
– 1 лажица сенф
– 1 лажица мешан зачин К+
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилешките гради ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња. Ги пржиме на загреано масло и ја тргаме тавата од оган. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Откако кромидот ќе омекне во тенџерето ги додаваме шампињоните, белото вино, коцката за супа и околу 300 мл вода.
  2. Чешнињата лук ги сечкаме на парчиња, па и нив ги додаваме во тенџерето. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+. Промешуваме, вариме 10-тина минути на умерен оган и ги додаваме испржените парчиња пилешко.
  3. Во садот со брашното ги додаваме сенфот и 100 мл вода, и мешаме со жица. Го додаваме размешаното брашно со сенф во тенџерето. Киселите краставички ситно ги сечкаме, па и нив ги додаваме во тенџерето. Откако сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  4. Во длабок сад го кршиме јајцето. Ја додаваме киселата павлака и мешаме со жица додека не се соедини со јајцето. Потоа непрекинато мешајќи со лажица ја додаваме размешаната павлака во тенџерето. Откако сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
  5. На чинија за сервирање ставаме од Пилешкото во бел сос и декорираме со ситно сечкан магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: