- Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер, и во садот ги додаваме шеќерот и ванилиниот шеќер. Откако белките ќе ја добијат потребната цврстина една по една ги додаваме жолчките, и матиме додека не се соединат со белките. Ги додаваме брашното и прашокот за печиво, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме во правоаголна тава бр 38 обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- На повеќе места го боцкаме испечениот пандишпан со виљушка. Откако ќе се излади го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата. Во тенџере на оган ја загреваме слатката павлака и ја ставаме во тавата за печење. Врз павлаката го ставаме пандишпанот.
- Во друго тенџере на оган ги ставаме млекото и млекото во прав, и мешаме со жица. Откако содржината ќе се загрее го тргаме тенџерето од оган. Со црпалка го преливаме пандишпанот со врелото млеко и оставаме да го впие.
- Изладениот колач го премачкуваме со карамел преливот и го сечеме на коцки. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Трилеќе.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.