- Почнуваме со подготовка на корите. Во тенџере на оган ги ставаме млекото, маслото, медот и шеќерот, и мешаме со лажица. Откако шеќерот ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Ги додаваме содата бикарбона и брашното, и мешаме со лажицата. Јајцето го кршиме и го додаваме во тенџерето. Ја месиме смесата со рака. Оставаме тестото да отстои 15-тина минути.
- На работна маса го размесуваме отстојаното тесто и го делиме на два еднакви дела. Од првиот дел на набрашнета работна маса со сукалка развлекуваме кора. Ја ставаме во тава од рерна, обложена со хартија. На истиот начин ја подготвуваме и втората кора и ја ставаме во друга тава, обложена со хартија. Корите во тавите ги сечеме на половина по должина. Ги ставаме тавите во рерна. Печеме 15 минути на 150 степени и ги вадиме од рерна.
- Почнуваме со подготовка на филовите. Во тенџере на оган ги ставаме млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер. Непрекинато мешајќи со лажица во зовриеното млеко го додаваме гризот. Откако ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме гризот да се излади. Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот гриз и матиме додека белиот фил не се соедини.
- Половина од филот ставаме во длабок сад. Ја додаваме чоколадата во прав и матиме со мискерот додека чоколадниот фил не се соедини. На послужавник ја ставаме првата кора и со лажица ја попрскуваме со рум. Ја премачкуваме кората со половина од белиот фил. Врз филот ја ставаме втората кора, ја попрскуваме со рум и ја филуваме со чоколадниот фил. Врз филот ја ставаме третата кора, ја попрскуваме со рум и ја премачкуваме со преостанатиот бел фил. Прекриваме со четвртата кора и ја попрскуваме со преостанатиот рум.
- Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Со лажица ја накапуваме горната површина на Медената пита со подизладената растопена чоколада.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.