Pileska-krem-supa

Пилешка Крем Супа Со Брокула

Одлична, супер здрава супичка!

Потребно е:

• 250 г пилешки гради
• 200 г брокула
• 500 г лупени компири
• 300 г моркови
• 1 лажица густин
• 1 лаж. меш. зачин К+
• Наша сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пилешките гради ги сечкаме на ситни коцки и 20-тина минути ги вариме во тенџере со зовриена вода на оган.
  2. Морковите и компирите ги сечкаме на парчиња, и ги ставаме во поголемо тенџере со 1 литар зовриена вода на оган. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+. Брокулата ја делиме на цветови и ја додаваме во тенџерето. Вариме 15 минути и го тргаме тенџерето од оган. Го миксаме зеленчукот со блендер и го враќаме тенџерето на оган.
  3. Густинот го размешуваме со 100 мл вода и го додаваме во тенџерето. Откако супата ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. И тенџерето со сварените парчиња пилешко го тргаме од оган.
  4. На чинија за сервирање ставаме од Пилешката крем супа со брокула. На средината нанесуваме од коцките пилешки гради и декорираме со цветови брокула.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *