- Во сад за матење ги ставаме млечниот намаз, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Матиме со миксер додека состојките не се соединат. Додаваме 100 г кокосово брашно и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Со раце формираме топчиња и ги редиме на чинија.
- Во сад за матење го кршиме јајцето. Додаваме 80 г путер и матиме со миксер додека путерот и јајцето не се соединат. Ги додаваме кафениот шеќер и јогуртот, и матиме додека состојките не се соединат. Какаото и прашокот за печиво ги додаваме во садот со брашното, и промешуваме со лажица. Потоа и брашното го додаваме во садот за матење. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Во длабнатините на калап за мафини ставаме хартиени корпички. Со лажица од подготвената смеса нанесуваме во корпичките во калапот за мафини. Врз смесата ги ставаме претходно подготвените топчиња. Ги дополнуваме корпичките со преостанатата смеса од садот за матење. Калапот го ставаме во рерна. Печеме 25 минути на 180 степени и го вадиме од рерна.
- Во тенџере на оган ги ставаме преостанатите 80 г путер, млекото и чоколадата за готвење, искршена на парчиња. Откако путерот и чоколадата ќе се растопат, и преливот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
- Мафините заедно со корпичките ги вадиме од калапот. Со горниот дел ги потопуваме во чоколадниот прелив во тенџерето и ги редиме на послужавник. Врз преливот ги наросуваме преостанатото кокосово брашно и чоколадните трошки. Оставаме мафините да се изладат.
- Неколку Полнети чоколадни мафини редиме на чинија за сервирање. Една мафина сечеме на половина. Половинките ги ставаме на средината на чинијата за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.