Minjon-kocki-(3)

Мињон Коцки

Одличен рецепт за разни свечености и прослави. Лесно и брзо се прави, а највожно од се е на сите да им се допаѓа, бидејќи е многу вкусен, а покрај тоа и декоративно изгледа на масата.

Потребно е:

– 6 јајца
– 6 лажици брашно
– 1 прашок за печиво
– 1 кг спанаќ
– 900 мл кисела павлака
– 300 г кругови шунка
– 6 палачинки
– масло за јадење
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. На загреано масло во тенџере на оган го динстаме спанаќот. Го цедиме во цедалка и ситно го сечкаме.
  2. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките ги посолуваме и ги матиме со миксер. Во садот една по една ги додаваме жолчките и матиме додека не се соединат со белките. Ги додаваме брашното, прашокот за печиво и исечканиот спанаќ. Ја промешуваме смесата и ја ставаме во правоаголна тава бр 38, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Изладената кора ја вадиме од тавата. И ја отстрануваме хартијата и ја сечеме на половина по должина. Првата палачинка ја премачкуваме со кисела павлака. Врз павлаката ставаме два круга шунка и ја виткаме во ролат. На истиот начин ги подготвуваме сите палачинки.
  4. Првата лента од кората ја ставаме на послужавник и ја премачкуваме со павлака. Врз павлаката ги редиме филуваните палачинки, па и врз нив нанесуваме павлака. Прекриваме со втората лента од испечената кора. Страничните делови на солениот колач ги премачкуваме со преостанатата павлака. Го сечеме колачот на коцки.
  5. На чинија за сервирање редиме неколку Мињон коцки. Ги декорираме со по две срца од шунка и точки од кечап.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *