Breskvice-(2)

Праскички

Баш се слатки овие мали шеќерни праскички.

Потребно е:

ЗА ТЕСТО
– 3 јајца
– 400 г шеќер
– 500 г брашно
– 300 г свинска маст
– 200 мл млеко
– 1 прашок за печиво

ЗА ФИЛ
– 100 г мелени ореви
– 50 г чоколада за готвење
– 50 мл млеко
– 50 мл рум
– 2 лажици мармалад од сливи
– црвена прехранбена боја
– 100 г шеќер

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на тестото. Во сад за матење ги ставаме млекото, свинската маст, шеќерот и прашокот за печиво, и промешуваме со лажица. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Мешаме со лажицата додека состојките не се соединат. Постепено во садот го додаваме брашното и со рака замесуваме тесто.
  2. Формираме топчиња со големина на орев и ги редиме во тава за печење, обложена со хартија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 15 минути на 170 степени и ја вадиме од рерна. Оставаме колачите да се изладат.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во сад на пареа. Откако ќе се растопи го тргаме садот од оган. Оставаме чоколадата да се излади. Мазниот дел од секое изладено колаче го длабиме со лажичка. Издлабените делови од колачите ги ставаме во длабок сад. Преливаме со румот, и во садот ги додаваме изладената растопена чоколада, мармаладот, мелените ореви и млекото. Мешаме со лажица додека филот не се соедини.
  4. Во издлабените делови на две колачиња со лажичка нанесуваме фил. Со филуваните страни ги соединуваме колачињата, формирајќи праскичка. Ја ставаме на послужавник.
  5. На истиот начин ги формираме сите праскички и ги редиме на послужавникот. Потоа праскичките прво ги свалкуваме во црвена прехранбена боја, а потоа во шеќер. Неколку Праскички редиме на чинија за сервирање.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: