- Во длабок сад ставаме 200 г брашното. Ги додаваме мелените ореви и 70 г шеќер. Кршиме 2 јајца, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во длабокиот сад. Матиме со миксер и постепено додаваме 250 мл млеко. Потоа го додаваме путерот и матиме додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме со масло намрсена и набрашнета правоаголна тава бр 32. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- Јаболката ги лупиме и на крупната страна од рендето ги рендаме во тенџере. Го ставаме тенџерето на оган и динстаме додека течноста не испари.
- Во друго тенџере на оган ставаме 200 мл млеко. Преостанатите 3 јајца ги кршиме, белките ги додаваме во садот со 2-те белки преостанати од пандишпанот, а жолчките ги ставаме во сад за матење. Ги матиме жолчките со миксер. Додаваме 3 лажици шеќер, 50 мл млеко и 3 лажици брашно, и матиме додека смесата не се соедини. Непрекинато мешајќи со жица ја додаваме во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
- Со топлиот крем го премачкуваме пандишпанот во тавата. Врз кремот ги нанесуваме издинстаните јаболка. Во сад за матење ги ставаме 5-те белки и матиме со миксер. Ги додаваме преостанатите 5 лажици шеќер и матиме додека белките не ја добијат потребната цврстина. Ги нанесуваме врз јаболката и ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 20 минути на истата температура и ја вадиме од рерна.
- Изладениот колач го сечеме на коцки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Кремаст колач со јаболка. Декорираме со лик на ирвас од фондан.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.