danski-snicli

Дански Шницли

Шницли премачкани со сенф, наполнети со кашкавал, шунка, варените јајца и магдонос, набрашнети и испржени – па биле тие дански, шведски или фински, може да бидат само многу фини, односно превкусни. И само чекаат на Вас да ги пробате и да се уверите.

Потребно е:

800 г свинска кртина
400 г кашкавал
200 г кругови шунка
4 варени, лупени јајца
50 г сенф
150 г брашно
магдонос
масло за јадење
Хималајска сол

Подготовка:

  1. Месото го сечеме на шницли, ги посолуваме, ги толчиме со чук и ги редиме на чинија. Кашкавалот го сечеме на парчиња, а круговите шунка на половина и ги ставаме на чинија. Варените јајца ги сечеме на кругови и ги ставаме во длабок сад.
  2. Магдоносот ситно го сечкаме, и го додаваме на чинијата со кашкавалот и шунката. Првата шницла ја премачкуваме со сенф. На едната половина на шницлата ставаме две парчиња кашкавал, а врз него кругови јајца.
  3. Додаваме полукругови шунка и наросуваме сечкан магдонос. Шницлата ја преклопуваме на половина, ги толчиме краевите со чукот и зацврстуваме со чепкалки. На истиот начин ги подготвуваме сите шницли и ги набрашнуваме од двете страни.
  4. Ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме шницлите од тавата и ги ставаме на чинија. Ги отстрануваме чепкалките. Двата краја на чинија за сервирање ги украсуваме со по еден лист марула и ги сервираме шницлите.
  5. Додаваме парчиња варени компири и моркови, и варен грашок. Шницлите ги декорираме со кругови црвена пиперка. Со гранче француски магдонос на средината на чинијата ја завршуваме декорацијата на Данските шницли.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: