Jagneska-tava-(1)

Јагнешка Тава

Или уште позната како Елбасан тава. Само што во оваа покрај кисело млеко со јајца има и оривче, кое одлично и го дополнува вкусот. А, аромата на лукот и магдоност дополнително ќе Ви го раздразнат апетитот.

Потребно е:

1 преден јагнешки бут без коска
500 г кисело млеко
100 г ориз
5 јајца
магдонос
2 чешниња лук
2 лажици мешан зачин К+
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Јагнешкото месо го сечеме на парчиња и ги ставаме во длабок сад. Посолуваме, и наросуваме со мелен црн пипер и со половина од мешаниот зачин К+. Ги попрскуваме парчињата јагнешко со масло и ги промешуваме за да ги впијат зачините.
  2. Потоа ги ставаме во огноотпорен сад, намрсен со масло. Додаваме 400 мл вода и го ставаме садот во рерна. Печеме 90 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Во длабок сад ги кршиме јајцата.
  3. Посолуваме, и наросуваме со мелен црн пипер и со преостанатиот мешан зачин. Магдоносот ситно го сечкаме, а чешнињата лук ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во садот.
  4. Потоа ги додаваме киселото млеко и оризот, и мешаме со жица. Ја нанесуваме мешавината на испеченото месо во огноотпорниот сад, и го враќаме во рерна.
  5. Печеме уште 30 минути на 180 степени и го вадиме садот од рерна. На чинија за сервирање ставаме од Јагнешката тава и наросуваме со ситно сечкан магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: