- Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Прашокот за печиво и какаото ги додаваме во садот со брашно, и промешуваме.
- Потоа и брашното го додаваме во садот за матење и мешаме со жица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во правоаголна тава бр 40, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна.
- Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 300 мл млеко и го додаваме шеќерот. Во садот со нишестето го додаваме преостанатото млеко и мешаме со жица.
- Потоа непрекинато мешајќи со жицата го додаваме размешаното нишесте во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади.
- Изладениот крем го ставаме во сад за матење и матиме со миксер. Го додаваме маргаринот и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Потоа ги додаваме мелените ореви и матиме додека филот не се соедини. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата, му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на половина.
- Првата лента пандишпан ја ставаме на послужавник и ја премачкуваме со фил. Врз филот ја ставаме втората лента пандишпан и го притискаме со раце за да се залепи со филот. Изладениот колач го сечеме на коцки.
- На работна маса со сукалка дробиме 100 г ореви и ги ставаме на чинија. Бочните страни на секој колач ги премачкуваме со преостанатиот фил и ги облепуваме со дробени ореви.
- Во сад за матење со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната цврстина. Половина од изматената павлака ставаме во слаткарска кеса и го украсуваме секој колач. Во преостанатата изматена павлака во садот за матење го додаваме какаото и матиме со миксерот.
- Кафената павлака ја ставаме во друга слаткарска кеса. Го дополнуваме украсувањето на колачите и ги декорираме со по една зашеќерена цреша. Неколку Ванила тортици редиме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.