Veleska-jagneska-corba1

Велешка Јагнешка Чорба

Може ли да се замисли велигденски ручек без јагнешка чорба. Ние Ви ја предлагаме оваа – вкусна и со доста месо истовремено. Само Ви напоменуваме да не дозволите да Ве збуни името, јагнето задолжително – македонско.

Потребно е:

400 г јагнешкa кртина
150 г моркови
100 г кромид
50 г корен од целер
магдонос
100 мл кисела павлака
1 лимон
1 жолчка
2 лажици брашно
1 лажица црвен пипер
1 лажица доматно пире
10-тина зрна црн пипер
2-3 ловорови листови
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Јагнешкото месо го сечеме на парчиња, коренот од целер на коцки, а морковите на тенки кругови.
  2. Ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид. Потоа ги додаваме зрната црн пипер, ловоровите листови, доматното пире, брашното, црвениот пипер и еден литар вода.
  3. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тенџерето. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и вариме 60-тина минути. Лимонот го цедиме во цедалка и го додаваме лимоновиот сок во садот со киселата павлака.
  4. Ја додаваме жолчката и мешаме со жица додека смесата не се соедини. Потоа непрекинато мешајќи со лажица ја додаваме размешаната павлака во чорбата. По една минута го тргаме тенџерето од оган. Ја ставаме чорбата во чорбалак и декорираме со листови магдонос.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *