- Јагнешкото месо го сечеме на поголеми парчиња, ги посолуваме од двете страни и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа ги пржиме парчињата јагнешко на загреано масло во тава на оган.
- Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме од тавата за пржење и ги редиме во тава за печење. Ги преливаме со мрснотијата во која се пржеа. Компирите, морковите, главицата кромид и чешнињата лук ги сечкаме на парчиња, и ги додаваме во тавата за печење.
- Ги додаваме сварените зрна грав и конзервираните домати. Во тава на оган го ставаме белото вино, и додаваме 100 мл вода, црвениот пипер, босилекот и мешаниот зачин К+. Откако содржината ќе зоврие ја тргаме тавата за пржење од оган, и ги преливаме месото и зеленчукот во тавата за печење.
- Додаваме околу 500 мл вода и посолуваме. Ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 2 часа на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- На едната страна на чинија за сервирање скалесто ги редиме парчињата јагнешко месо и ги преливаме со сосот од тавата за печење. На другата страна на чинијата го сервираме зеленчукот и декорираме со гранчиња нане.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.