Pita-mrzlivka-(4)

Пита Мрзливка

Кој ли беше кумот и како само се досети на името. Преубаво декорирана пита од лиснато тесто и лиснати машнички, вкус на фета сирење, црни маслинки и шери домати со сигурност заслужуваат поубаво име.

Потребно е:

250 г лиснато тесто
15 машнички од лиснато тесто
250 г фета сирење
150 г црни маслинки без семки
2 јајца
7 шери домати
магдонос

Подготовка:

  1. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Маслинките ги сечкаме на кругови и ги додаваме во садот со белките. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во садот.
  2. Потоа го додаваме фета сирењето, го дробиме со лажица и го промешуваме филот. На набрашнета работна маса од лиснатото тесто со сукалка развлекуваме кора.
  3. Ја ставаме во правоаголна тава бр 36 и ги свиткуваме краевите на кората кон внатрешноста. На повеќе места ја боцкаме кората со виљушка. Тавата ја ставаме во рерна.
  4. Печеме 15 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Го нанесуваме подготвениот фил и врз него ги редиме машничките. Преостанатите жолчки ги матиме со виљушка и со готварска четка ги премачкуваме машничките.
  5. Во тавата ги редиме шери доматите и ја враќаме во рерна. Печеме уште 15 минути на истата температура и ја вадиме тавата од рерна. Ја сечеме питата на парчиња.
  6. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Пита “Мрзливка“. Декорираме со тенки долгнавести кругови морков, половинки шери домати и ситно сечкан магдонос.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *