domasen kolbas za 1-vi maj

Домашни Колбаси

Домашните колбаси се секогаш подобри од куповните, а и не се прават тешко. Со пиво или некое добро вино, не можете да згрешите!

Потребно е:

– 1 кг свинска кртина од врат или од пределот на стомакот
– 500 г јунешка кртина (соодносот меѓу свинското и јунешкото месо треба да е 2 спрема 1)
– 250 г сланина
– 1,5 лажица букова сол
– 7 чешниња лук
– 20-тина зрна црн пипер
– 600 г исчистени и обарени тенки говедски црева
– 1 главица кромид
– 1 црвена пиперка
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

Подготовката не е тешка, а домашни колбаси за 1-ви Мај се секогаш хит! Еве како да ги направите:

  1. Свинското и јунешкото месо ги сечкаме на парчиња, и ги ставаме во длабок сад. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги промешуваме парчињата месо и оставаме да ги впијат зачините.
  2. Сланината ја сечеме на коцки и ја ставаме во друг длабок сад. Со алатка ги гмечиме чешнињата лук и ги додаваме во садот. Ја додаваме буковата сол и 100 мл вода, и ги мешаме состојките со рака.
  3. Во кујнска крпа ги свиткуваме зрната црн пипер и ги толчиме со метален чук. Го додаваме истолчениот црн пипер во садот со сланината и мешаме со лажица.
  4. Во машина за мелење ги мелеме свинското и јунешкото месо, и ги собираме во длабок сад. Го додаваме меленото месо во садот со сланината. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и добро ја месиме смесата со раце.
  5. На дополнителен долгнавест дел од машината за мелење месо го наденуваме цревото и му го подврзуваме крајот. Потоа во машината ја ставаме претходно подготвената смеса и го полниме цревото. Виткајќи го цревото на должина од околу 15 см (или по желба) ги формираме колбасите.
  6. Ги пржиме на загреано масло во грил тава на оган.
  7. Главицата кромид ја сечкаме на кругови. На црвената пиперка и ги отстрануваме рачката и семките. Ја сечкаме пиперката на четвртинки по должина. Круговите кромид и парчињата пиперка ги додаваме во грил тавата.
  8. Откако колбасите и зеленчукот ќе се испржат ја тргаме од оган.
  9. На чинија за сервирање редиме од испржените колбаси, и ги додаваме парчињата кромид и црвена пиперка. На два круга кромид нанесуваме сенф. Домашните колбаси ги декорираме со едно младо кромитче.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: