Domasni-krajnski-kolbasi2

Домашни Крањски колбаси

Таман сега кога им е времето. Не мора да заколете цела свиња и теле, со овие количини во нашиов рецепт без проблем може да ги подготвите и во Вашата кујна. А, за подобро расположение сепак повикајте ги и соседите.

Потребно е:

1 кг свинско месо од пределот на стомакот
500 г јунешко месо (соодносот меѓу свинското и јунешкото месо треба да биде 2 : 1)
600 г исчистени и обарени тенки говедски црева
150 мл бело вино
6 чешниња лук
зрна шарен бибер
1 ½ кг кришки варени компири
сенф
масло за јадење
Хималајска сол

Подготовка:

  1. Чешнињата лук ги сечеме на ½ и ги гмечиме со нож. Ги ставаме во мал длабок сад и ги преливаме со 200 мл врела вода. Месото го сечкаме на парчиња и го посолуваме.
  2. Зрната бибер ги толчиме со метален чук и ги наросуваме парчињата месо. Покрупно ги мелеме во машина за мелење месо и го собираме меленото месо во длабок сад. Низ цедалка во садот ја додаваме водата во која отстоја лукот.
  3. Потоа го додаваме виното, го месиме меленото месо со рака и оставаме да отстои 1 час. На машината за мелење месо ставаме дополнителен цилиндричен дел. На него ставаме едно говедско црево и го набираме. Потоа во машината го враќаме меленото месо и ја вклучуваме.
  4. Го полниме цревото со месо и ја исклучуваме машината. На исто растојание го вртиме цревото во круг. Во пар ги формираме колбасите, го сечеме цревото и ги подврзуваме краевите на колбасите, за да не излегува месото.
  5. На истиот начин ги формираме сите колбаси. Подготвените колбаси ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Ги превртуваме за време на пржењето. Во тавата со поруменетите колбаси додаваме од кришките варени компири.
  6. Откако и тие ќе поруменат ја тргаме тавата од оган. На чинија за сервирање ставаме од испржените Домашни Крањски колбаси и додаваме од кришките компири. Двата краја на чинијата ги украсуваме со по еден лист марула и на нив ставаме по една лажица сенф.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: