Pileski-rolati-(3)

Пилешки Ролати

За ручек или за гости кои Ви се драги, сеедно. Ролативе се супер, и на лик и на вкус. Пилешки копани филувани со мелено месо не е нешто за што не сте слушнале. Но, пробајте ги и овие со фстаци, свиткани во ленти чадена сланина и веднаш ќе ја почувствувате разликата.

Потребно е:

4 пилешки копани со наткопани
200 г мелено месо
150 г мелени фстаци
8 ленти чадена сланина
2 лажици мешан зачин К+
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. На копаните им ги отстрануваме коските. Месото го засекуваме на повеќе места за да добиеме рамни површини за ролување. На парче најлонска фолија го ставаме првото парче пилешко. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и мешан зачин К+.
  2. Го покриваме месото со најлонска фолија и го толчиме со чук. На истиот начин ги подготвуваме и преостанатите парчиња пилешко месо. Во длабок сад го ставаме меленото месо, и ги додаваме мелените фстаци и преостанатиот мешан зачин. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ја месиме смесата со рака додека не се соедини.
  3. Обликуваме 4 долгнавести форми. На првото парче пилешко месо ставаме една форма од мелено месо. Ги толчиме краевите на пилешкото со чук и виткаме ролат. На истиот начин ги подготвуваме сите ролати. Парчето алуминиумска фолија го попрскуваме со масло, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. На фолијата ставаме 2 ленти сланина, а на нив еден ролат.
  4. Го свиткуваме ролатот во фолијата како бонбона. На истиот начин ги подготвуваме сите ролати и ги ставаме во тенџере со зовриена вода на оган. По 20 минути варење ги вадиме ролатите од тенџерето и ги ставаме на чинија. Ги отстрануваме фолиите и ги редиме ролатите во огноотпорен сад, намрсен со масло. Садот го ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Ролатите ги вадиме од садот и ги сечеме на половина.
  5. На чинија за сервирање нанесуваме претходно обарен мешан зеленчук. Врз него ги сервираме Пилешките ролати и декорираме со листови црвена марула.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: