Zapeceni-snicli-od-oslic-(5)

Запечени Ќофтиња од Ослич

За ручек купивте риба и тоа филети од ослич, дилемата со компири или ориз – вечна и веќе по малку здодевна. А, да пробате нешто ново? Треба само да ги измиксате филетите, да додадете зачини, јајца и лебни трошки, и ете ги ќофтињата. Испржени, па испечени со кисела павлака со јајца и коцки Гауда, не само што е ново туку и лесно и многу вкусно.

Потребно е:

– 500 г филети од ослич
– магдонос
– 3 чешниња лук
– 2 лажици лебни трошки
– 100 г брашно
– 4 јајца
– 300 мл кисела павлака
– 150 г Гауда
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Филетите од ослич ги сечеме на парчиња, ги миксаме во блендер и ги ставаме во длабок сад. Магдоносот и чешнињата лук ситно ги сечкаме, и ги додаваме во садот. Кршиме 2 јајца, па и нив ги додаваме во садот.
  2. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме лебните трошки и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Оставаме да отстои 60 минути во фрижидер. Од смесата ги формираме ќофтињата, ги набрашнуваме и ги редиме на чинија.
  3. Потоа ги пржиме на загреано масло во грил тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме ќофтињата од тавата за пржење и скалесто ги редиме во керамичка тава за печење. Преостанатите 2 јајца ги кршиме во длабок сад и ги матиме со виљушка.
  4. Ја додаваме киселата павлака, мешаме со виљушката и ги преливаме ќофтињата во тавата. Гаудата ја сечкаме на коцки и ги распоредуваме на ќофтињата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  5. На чинија за сервирање ставаме од Запечените ќофтиња од ослич и декорираме со кечап. Декорацијата ја завршуваме со листови црвена зелка и гранчиња француски магдонос.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: